За власта и Шилегов не важат законите: Работници и на +40 степени активно работат на „Партизанска“ за собирање политички поени

0
118

Социјалните мрежи се преполни со коментари и критика кон властите кои се изживува со работниците среде топлото време во Скопје.

Имено овие денови Македонија ја зафати топлотен бран од жолта фаза со што се препорачува почитување на сите препораки во вакви услови.

Според коментарите на социјалните мрежи работниците работат на +40 степени заради тоа што Петре Шилегов сака по секоја цена да покаже некакви „резултати“ пред скопјани и да го подобри катастрофалниот рејтинг на Заев и СДСМ.

Засега нема информација зошто Државниот инспекторат за труд се уште не е на терен и не изрекува забрана за работа утврдена со Законот за безбедност и здравје при работа, поради утврдената непосредна опасност по здравјето на вработените поради високите температури и зголеменото УВ- зрачење.

-Скопје- по „Партизанска“, жешко ама тие душички работат, се само дел од коментарите кои ги споделуваат корисниците на социјалните мрежи.

Skopje-rabota-na-plus-40

Инаку забраната би требало да важи од 11 до 17 часот, а фотографиите се направени во периодот што е измеѓу забранетото време предвидено со закон.

Коментирај