За виното и здравјето

0
210
Selection of wine for tasting, copy space

Виното е храна, лек и отров .Единствено прашање е дозата,
-Парацелзиус –

Умерената консумација на вино превенира кардиоваскуларни заболувања, го намалува нивото на вкупен холестерол, ги подобрува когнитивните способности, го зголемува имунитетот и отпорноста на организмот од болести. За овие и многу други полезни дејства на виното биле свесни и нашите предци. Многубројните народни преданија, совети, рецепти, кои виното го препорачуваат како ефикасен лек за многу здравствени состојби, значајно придонеле за репутацијата на благотворен пијалак, која виното несомнено ја има.

Виното содржи повеќе од 1.000 состојки. Освен витамините и минералите кои се содржани во виното и помагаат за бројни функции во организмот, виното содржи и хранливи состојки, шеќер (особено декстроза), глицерол, протеини и алкохол. Од витамините присутни се: A, B, C и повеќе минерали од кои најистакнати се натриумот и магнезимумот врзани за органска (винска) киселина.  Црвеното вино е побогато со хранливи состојки,  додека белото вино во составот содржи поголема количина на рибофлавин (витамин Б2) во однос на црвеното вино. Витаминот Б е стабилен и не исчезнува со стареење на виното.
За фармаколошките дејства на виното, најодговорни се полифенолите, особено ресвератолот. Тие се група на соединенија кои според начинот на делување се сместуваат во групата на антиоксиданси. Докажано е дека ресвератролот кој е присутен во грозјето и виното, го има во 10 пати поголеми концентрации во црвеното вино, одколку во белото. Тој е одговорен за редукција на ризикот од разни болести, особено кардиоваскуларните. Освен ресвератролот, црвеното вино содржи и огромен број и на други соединенија кои делуваат како моќни антиоксиданси.

Содржината на алкохол во повеќето вина е умерена (10-15 волуменски проценти).

Хранливата вредност на 1 литар вино е 600-700 калории, а за слатките вина може да се движи и до 1400 калории.

Во служба на здравјето
Познато е дека виното, особено црвеното е добро за здравјето. Доказ за ова е  помалата инциденца на кардиоваскуларни заболувања кај луќето кој редовно и умерено конзумираат пред се црвено вино.

Терапевските и антисептичките својства на виното се познати уште од античките времиња. Виното е пијалок, храна и антисептик кој контролира многу процеси во нашето тело. Пријател на оброците, бидејќи го  подобрува варењето на храната.
Алкохолот во умерени количини, освен што го стимулира варењето на храната, работата на срцето, ја подобрува циркулацијата на крвта, поради што често и лекарите  го препорачуваат како важен пијалок за време на оброците.

Во грозјето, износот на вкупни феноли е поголем во однос на виното. Со традиционалните методи на преработка на грозјето се екстрахира максимално 60% од фенолите кои се присутни во грозјето. Црното грозје во просек содржи повисока количина на феноли од белото грозје. Со самото тоа чаша црвено вино е “поздрава” за човекот, од чаша бело вино.

Антиоксидансите со кои виното е  богато, ги обновува оштетените крвни садови, ги штити забите од кариес, итн. Една чаша квалитетно црвено вино дневно, може да влијае врз нашето здравје, а уживањето при конзумација на риба, црвено месо и сирења би било потполно.

Конзумирањето на вино значително ја намалува можноста на појава на карциноми, го зголемува “добриот холестерол ”(HDL), а истовремено го намалува “лошиот холестерол”(LDL)исто така го намалува и крвниот притисок.

Помага при лош проток на крв низ артериите, бидејќи ги шири крвните садови со што се подобрува протокот на крвта низ телото. Виното е одлично за анемија, која може да се спречи со конзумирање на вино во умерени количини.

Виното во мали количини го зголемува либидото. Кога е во прашање виното како афродизијак, умереноста е клучот на ова прашање: потребно е само малку вино, за да се почувствуваат овие ефекти.

За Витка линија

Ужвајте во добрата храна и останете витки. Уште една од придобивките кога виното се конзумира во умерени количини. Типичен пример за ваквото тврдење е таканаречениот “француски парадокс”. И покрај тоа што имаат калорична и зачинетaкујна Французите остануваат витки и поздрави токму заради навиките за конзумирање на барем една чаша вино со главниот оброк

Црвено или бело вино, не е важно, се додека се пие заедно со оброк и во умерени количини. На здравје!

Коментирај