За утре најавено прскање против комарци

0
247

Првата фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на Градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши утре во раните утрински часови.

– Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни. – информираат од Град Скопје.

Оттаму апелираат до пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Коментирај