За тоа не се жалат пари: Роналдо за своите деца близнаци платил 29 милиони евра на сурогат мајка

0
468

Еден од најдобрите светски фудбалери Кристијано Роналдо наскоро ќе го зголеми своето семејство бидејќи очекува близнаци од сурогат мајка.

Информацијата тој веќе ја поделил со семејството, а таа стигна и до медиумите во Шпанија и Португалија. Новинарите сега ја најдоа сумата за која Роналдо се договорил со жената која треба да ги износи и роди неговите деца.

Станува збор за 17 милиони евра во кои спаѓа и условот за молчење, односно криење од јавноста. За својот прв син, Кристијано Роналдо Жуниор, фудбалерот платил 12 милиони евра. Вкупните 29 милиони евра се помалку од неговата едногодишна плата, а кога на тоа ќе се додадат другите приходи од реклами и слични работи, навистина доаѓа како ситница за него.

За мајката на синот на Роналдо никој ништо не знае, освен дека е од САД и дека живее во Сан Диего. Не се знае ни како изгледа, ниту пак некоја друга информација за неа.

Коментирај