За што се може да се искористи морската сол?

0
116

Нашето тело содржи иста концентрација на минерали и нутритиенти како што е морската сол, па не е чудно што таа е природен сојузник за баланс, заштита и обновување на нашата кожа.

Една од главните разлики меѓу морската и обичната сол е нивната содржина на минерали: морската сол е преполна со калциум, магнезиум, железо и слично, кои имаат клучна улога во одржувањето на здравјето на кожата.

Маска за заштита:

измешајте морска сол и мед – тие ја смируваат кожата и ги поправаат неправилностите. Ваквата маска ќе ѝ ја врати влагата на кожата и ќе го контролира производството на маснотии. Измешајте 2 лажички сол и 4 лажички мед. Оставете ја смесата на кожата десетина минути па исплакнете.

Маска за чистење на порите:

солта продира длабински во порите, ги балансира маснотиите и ги уништува бактериите кои можат да предизвикаат појава на акни. Растопете лажица сол во чаша вода, ставете ја течноста во шише со прскалка и еднаш до двапати дневно испрскајте го лицето.

Пилинг за тело:

солта може да биде и природен препарат со чија помош ќе ги отстраните мртвите клетки од површината на кожата, а благодарение на минералите ја омекнува и хидрира. Направете од четвртина шолја сол и иста количина маслиново масло густа паста. Земајте со прстите и нежно тријте на посакуваното место. Исплакнете со млака вода.

Купка за релаксација:

солта ја апсорбира нечистотијата и длабински ги чисти порите. Минералите од неа ја обновуваат заштитната бариера и ја задржуваат влагата. Додајте половина шолја морска сол во жешката купка и опуштете се во неа 15 до 20 минути.

Извор:hybread.mk

Коментирај