За само неколку дена 21 милион прегледи: Колку ајкулите може да намирисаат човечка крв (ВИДЕО)

0
1256

Марк Робер е Јутјубер со 7,8 милиони претплатници и реши да провери дали ајкулите може да почуствуваат една капка човечка крв во морето. Тој на настанот на Дискавери направи експеримент во океанските води на Бахамите. Тој во водата најпрвине истурил различни течности , како рибино масло , урина и крв од крава.

Најпрвин ниту една од течностите не го привлекла вниманието на ајкулите, но по 20 тина минути тие почнале да ја чувствуваат крвта и да се собираат на местото каде што била истурена.

На крајот на експериментот било утврдено дека четири ајкули биле привлечени од рибиното масло , дури 41 ајкула тргнале по крвта, а ниту една не пливала кон местото каде што била истурена урината. Робер отишол уште еден чекор понапред .

Во водата капнал сопствена крв , но толку мало количество не привлекло ниту една ајкула. Робер до своите претплатници упатил порака да не се плашат доколку се изгребат во море . Ајкулата за неколку капки крв нема да тргне по нив.

Извор: kurir.mk

Коментирај