За прв пат кај двајца пациенти изведена биопсија на бубрег водена под компјутерска томографија на Клиниката за радиологија

0
795
За прв пат кај двајца пациенти изведена биопсија водена под компјутерска томографија на Клиниката за радиологија Медицинските тимови од Универзитетската клиника за радиологија и Универзитетската клиника за нефрологија, кај двајца пациенти на возраст од 20 до 45 години изведоа процедура на биопсија на бубрег водена под компјутерска томографија.
Кај двајцата пациенти кои имале почетно бубрежно заболување, бубрезите биле позиционирани подлабоко во ретроперитонеумот и биле тешко достапни за рутинската метода на биопсија под ултразвук. Заради тоа лекарските тимови на Асс.Др Александар Стојковски од Клиниката за радиологија и Доц. Др Игор Николов од Клиниката за нефрологија, биле принудени да ја спроведат методата за прв пат водена под компјутерска томографија.zdrav.1
Со овој начин на добивање на бубрежно ткиво, кое потоа се анализира на Институтот за патолошка анатомија, се добива информација за видот и степенот на оштетување на бубрезите и со самото тоа можеме да го планираме начинот на третман кај овие пациенти.
По оваа интервенција, пациентите се чувствуваат добро и немаат никакви проблеми или компликации кои би можеле да се јават после методата. Со ова се покажува дека со добра организација и со добра соработка помеѓу лекарските тимови на клиниките во Кампусот Мајка Тереза, пациентите кои се третираат во овие клиники можат да добијат соодветна дијагностика и соодветен третман.
Лекарите сметаат дека е потребно министерството за здравство, целосно се заложи да ги решава проблемите на јавното здравство, бидејќи целата медицинска експертиза се наоѓа тука, и тука е базата на Медицинскиот факултет.
zdrav2
Потребно е, аплеираат здравствените работници, министерот повеќе да се заложи за јавното здравство, да ги оствари промените и подобрувањата кои што ги ветуваше за лекарите и здравствените работници, да мисли повеќе на тоа како да функционира системот, а не само да размислува како да им овозможи на приватните болници да ја сработат и наплатат работата за која сме ние компетентни.
Извор:zdravstvo.mk

Коментирај