За продолжениот викенд променливо облачно со локален дожд и грмежи

0
213

Променливо облачно време со повремено засилен северен ветер ќе преовладува во текот на престојниот продолжен викенд.

Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат за недела попладне локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималните температури ќе се движат од 6 до 14 степени, а дневните од 20 до 27 степени.

Понестабилно време се очекува во вторник и среда кога температурите ќе се намалат во просек за три до четири степени.

Коментирај