За пратениците на ВМРО-ДПМНЕ домашен притвор, за тие на СДСМ патни трошоци од 11.700 евра за шест месеци

0
743

Додека дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се во домашен притвор нивните колеги од СДСМ си искеширале илјадници евра за патни трошоци, објави Телевизија Алфа.

За само шест месеци одредени пратеници повторно направиле патни трошоци од над 10 илјади евра.

Податоците добиени преку Законот за слободен пристап до информации покажуваат дека во листата на топ 20 пратеници според патните трошоци во овој период, рекордер е пратеничката на СДСМ Бети Рабаџиеска Наумовска и таа за шест месеци, од декември 2017-та до мај 2018-та ќе добие 11.770 евра.

Мира Стојчевска од СДСМ, која високо котираше и претходно, овој пат ќе земе 10.396 евра, додека Алија Камбероски од партијата ПЕИ повторно е меѓу пратениците кои имаат повисоки суми за патни трошоци, со 10.355 евра.

За само половина година, пратеничката на СДСМ, Анета Симеска – Димоска ќе добие 8.359 евра, нејзините колеги од партијата, Хари Локвенец и Милева Ѓорѓиева, ќе земат над 7 илјади евра, Сурија Рашиди од Алијанса за Албанците 7962 евра и Агим Шаќири од ДУИ ќе земе 7600 евра.

На листата топ 20 нема пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: ТВ Алфа

Коментирај