ЗА МАЛКУ ЌЕ ЗАКОПАЛЕ ПОГРЕШНА ЖЕНА: Семејството доживеало шок кога сфатиле кого оплакуваат

0
592

Кога влегов во мртовечницата, ме однесоа до телото на кое стоеше картон со името на мојата мајка. Ја препознав нејзината и без многу размислување го преземав телото.

Меѓутоа, за малку не погребале друга жена наместо својата мајка. Се тоа се случило во околината на Бања Лука, а малку фалело семејството на 80 годишната да погреба друга жена.

Имено, тие од мртовечницата го преземаа телото на баба која починала истиот ден кога и нивната мајка, а сфатиле дека е „погрешна“ веќе кога на големо жалеле за неа.

Објасниле дека од мртовечницата земале тело од друга жена, која била облечена во иста гардероба како нивната мајка. Најголема забуна како што велат тие предизвикал картонот каде го пишувало нејзиното име.

-Кога ја доведовме „мајката“ дома, забележав дека нејзиното лице е изменето, но тоа го препишавме на промените кои на телото настануваат после смртта. Ми беше чудно и тоа што нејзиниот врат е малку искривен. Тек подоцна дознав дека тоа е последица на мозочен удар, од кој другата жена умрела. Кога го отворивме ковчегот, плачевме и жалевме, не забележувајќи дека плачеме над непозната личност.

-Меѓутоа, во еден момент малку поприсебните членови на семејството забележале дека нешто не е во ред, односно дека жената во ковчегот не може да биде нашата мајка. Веднаш се јавивме во мртовечница и им објаснивме дека сме преземале погрешна личност. Цела ујдурма траеше 2 часа, а до забуна дошло поради поставувањето на картонот со погрешни имиња покрај телото, така што двете семејства погрешиле при идентификацијата, раскажува ќерка на почината, а пренесува „српскаинфо.цом“.

-Кога влегов во мртовечницата, ме однесоа до телот на кое стоеше картон со името на мојата мајка. Ја препознав нејзината гардероба и без многу размислување го преземав телото. Бев многу потресена поради нејзината смрт, така што не ни мислев на нешто друго. Меѓутоа, брзо после доаѓањето дома, сфативме дека сепак таа не она. Среќа, жената која ја земавме од мртовечница, затоа што тогаш би настанал голем проблем. Би морале пак да ја ископаме, вели таа.

Да биде апсурдот поголем и членовите на семејството на другата почина ја „препознале“ својата мајка во другата жена, но не ја преземале, затоа што планирале тоа да го направат непосредно пред погребот

Коментирај