За луѓето за кои постојам од време на време, јас немам време- цитати од Ал Пачино

0
928

Алфредо Џејмс „Ал“ Пачино (роден 25 април 1940) е американски филмски и сценски актер и режисер. Најдобро е познат по улогите на Мајкл Корлеоне во трилогијата „Кум“, Тони Монтана во „Scarface“, Френк Серпико во „Серпико“, Френк Слејд во „Мирисот на жената“, Винсент Хана во „Жештина“, и Рој Кон во „Ангели во Америка“. Тој доби Оскар за најдобар актер во 1992 година за неговата улога во „Мирисот на жената“ по добивање на претходни седум номинации.

Денес споделуваме неколку незаборавни мисли од него:

  1. Не брзајте да зборувате за себе, кога сте во друштво. Разговорите за вас ќе следат дури откако ќе излезете од собата.
  2. Колку човек е постар и помудар, толку има помалку желба да разговара за неважни прашања. Тој едноставно има желба да стане за да ви посака се најдобро и да си замине.
  3. Лесно е да се мами окото, но тешко е да се мами срцето.
  4. Јас сум актер, а не ѕвезда. Ѕвездите живеат во Холивуд и имаат базени во форма на срце.
  5. Моите слабости? Ако ме прашавте за моите силни страни, ќе ја направев истата пауза. Можеби тие се едно исто нешто.
  6. Животот е патување со воз. Прво поминуваш низ еден долг тунел, без да знаеш каде води тој. Потоа, некаде кон 50-те, возот излегува од тунелот на светлина и во далечината ја гледаш големата планина – одредиштето. Јас веќе ја видов планината. Тоа е едно ужасно чувство што ја смрзнува крвта.
  7. За луѓето за кои постојам од време на време, јас немам време.
  8. Јас секогаш ја кажувам вистината, дури и кога е лага.
  9. Мојот најдобар совет за секој млад човек е, ако сакате деца, бидете внимателни со кого ги имате. Тоа е мојата мантра.
  10. Суетата е мојот омилен грев.
  11. Се надевам дека луѓето ме гледаат како актер. Никогаш не сум сакал да бидам филмска ѕвезда.
  12. Ми се допаѓаат жените, кои можат да готват. Тоа е првото. Љубовта е многу важна, но прво треба да имаш пријател за да можеш конечно да стигнеш до моментот во кој ќе кажеш дека жените со кои си бил се и твои пријатели.
  13. Нема среќа. Има само концентрација.
  14. Актерот станува емоционален спортист. Процесот е болен – мојот личен живот страда.
  15. Гледајте, но не допирајте. Допрете, но не вкусувајте. Вкусувајте, но не голтајте.

Коментирај