За корисниците на ајфон нема поврат на ДДВ

0
231

Корисниците на ајфон нема да може да ја симнат апликацијата„Мој ДДВ„ со која ќе може да се скенираат фискалните сметки. Истата апликација засега е достапна само за андроид телефоните.

Имено иако од денес стартува новата апликација преку која граѓаните ќе може да прават поврат на ДДВ кое го платиле преку целата година, таа ја нема на ИОС верзијата. Во Apple store апликацијата „Мој ДДВ“ апликацијата воопшто не постои. Граѓаните од утринава велат дека и покрај најавите дека апликацијата ќе биде достапна и за Google play store и за Apple store засега ја нема кај Apple store.

Она што треба да го прават граѓаните е да ги собираат фискалните сметки од производите кои ги купиле и услугите кои ги добиле, а за кои платиле најмногу 30.000 денари.

Извор:лидер.мк

Коментирај