За Филипче е поважен ПР-от отколку грижата за здравјето: Сестри даруваат плазма додека не се соодветно заштитени!

0
166

„Славица и Мирјана се двете ќерки на најстарата излечена пациентка од КОВИД-19, кои и тие оздравеа од овој вирус. Минатата недела даруваа конвалесцентна плазма која ќе се користи како лек и надеж за потешките пациенти заболени од коронавирусот. Им се заблагодарувам за хуманоста“, напиша министерот за здравство Венко Филипче на социјалните мрежи.

Со оваа објава тој имаше и фотографија на која се двете жени кои даруваа плазма. Но, јасно може да се види дека за време на дарувањето не е запазен протоклот за соодветна заштита.

Славица и Мирјана веќе имале коронавирус, а сега повторно се ставени на ризик бидејќи не ги носат маските како што е соодветно, туку само на устата без да им биде заштитен носот.

Филипче многу добро знае, а ја советува со месеци и цела македонска јавност како маските треба да се носат за да се заштитиме. Но, во овој момент очигледно му било поважно да направи ПР, отколку да се грижи за здравјето.

Не е прв пат Филипче да направи ваква грешка. Се сеќава јавноста дека тој објави фотографија за време на вакцинирањето на својата внука, која тогаш беше на возраст на која не смее да се става МРП и секако не ја примила, но нејзиниот дедо ја искористи за кампања да ги натера родителите да вакцинираат.

Потоа објави дека Македонија ќе добие најквалитетни вакцини дури кога ќе влезе во ЕУ, што автоматски беше признание дека сегашните не се најквалитетни.

Коментирај