За добро здравје јадете моркови

0
416

Морковот е вид на зеленчуково растение од родот Морков (Daucus), одомаќинет подвид на дивиот морков (Daucus carota). Содржи многу корисни и лековити состојки. Како храна се користи во целиот свет. Морковот има изразено антибиотско дејство.

Интересно е дека денес постои морков со различни бои: портокалова, бела, жолта, црвена, виолетова и др. Различните бои на морковот содржат и различни антиоксиданси, состојки кои се борат против штетното дејство на слободните радикали во организмот. Најчесто се користи коренот, но може да се користат и листовите од морковот, но претходно сварени.

Морковот ги содржи следниве хранливи и лековити состојки: бета-каротин, растителни влакна, витамин Ц, витамин А. витамин Б, витамин Д, витамин ПП, витамин Х, железо,глутамин, калиум, калциум, калциум-пектат, каротеноиди, ксантофили, ликопен, натриум, пектин, јаглени хидрати, фосфор, цинк и етерични масла.

Морковот во себе содржи многу витаминии минерали, а поради антиоксидативното дејство, многу поволно делува на организмот. Тој ја зголемува природната одбрамбена отпорност на организмот, односно го зајакнува имунитетот. На тој начин, морковот е природен лек кој помага при многу заболувања и патолошки состојби.

Поради своето корисно и лековито дејство, морковот се препорачува при следниве состојби и заболувања: слабокрвност (анемија), болести на забите, болести на срцето и крвните садови, гојазност, киселини во желудникот, губиток на апетит, депресија и стрес, детски глисти, кожни заболувања (дерматит, екцем), за подобрување на видот,
за побрзо зараснување на раните, за подобро согорување на мастите во организмот,
при имунодефициенција, за јакнење на ноктите, при кокошкино слепило, при макуларна дегенерација, кај заболувања на бубрегот, за одржување на мозочните функции, при изгореници, при остеопороза, за намалување на заморот,
при покачена телесна температура, при зголемен холестерол, при настинка и грип,
при проблеми со косата, против кашлица (сок од морков), за регулирање на варењето на храната и запекот, за регулирање на крвниот притисок, за одржување на нормална телесна тежина, за регулирање на метаболизмот, за превенција на малигни заболувања, за воспаление на крајниците и гласните жици, против целулит, кај шеќерната болест и при мозочен удар.

Поради сите овие причини морковот треба да се користи што е можно повеќе во секојдневната исхрана.

Коментирај