“За да разберете сè треба да простите сè” – 13 цитати на Буда

0
106

Сидарта Гаутама Буда е мудрец кој во текот на 45 години од своето работење и проповедање, ги учел сите класи, мажи и жени, царови и селани, трговци и просјаци, светци и крадци – без да прави и најмала разлика помеѓу нив. Буда не ги признавал различностите по социјалната состојба или според класата на народот, и патот, кој тој го проповедал, бил отворен за сите луѓе, кои биле способни да го разберат и следат

Главното учење според Буда е:

– За да има радост мора да има болка. Само откажување од задоволствата води во целосен мир;

Инспиративна мисла заради која решивме да издвоиме уште неколку негови големи мисли кои ќе ве наполнат со позитивна енергија:

  1. Јазикот е како остар нож, те убива без да пушти крв.
  2. Има само две грешки кои човек може да ги направи на патот кон вистината; да не го изодите до крај или да не го ни почнете
  3. Умот е се. Тоа што го мислите, таква личност станувате.
  4. Нема да бидете казнети заради вашиот гнев. Гневот ќе биде вашата казна.
  5. Кога ќе сфатите колку е се совршено, тогаш легнете со главата на земја и поглед кон небото и насмевнувнете му се со цела душа.
  6. Ајде да се издигнеме над себе денеска и да бидеме благодарни за тоа што не научивме многу, но барем научивме нешто;а ако не научивме малку барем не се разболевме, а ако бевме болни барем не умревме. Ајде сите да бидеме благодарни.
  7. Омразата не се губи со мразење – само со љубов; ова е вечно правило.
  8. Тајната на доброто здравје на телото и умот не е да жалиме за минатото, да се грижиме за иднината или да ги очекуваме проблемите кои доаѓаат, туку да живееме во сегашноста мудро и искрено.
  9. Не верувајте на кажаните зборови, без разлика кој ги изговорил или напишал. Дури и јас да сум го кажал, освен ако не се согласува со вашите лични ставови и причини и со вашата здрава свест.
  10. Мирот произлегува од внатре. Не го барајте на друго место.
  11. За да разберете сè треба да простите сè.
  12. Не можете да го изодите патот се додека вие не застанете патот.
  13. Никогаш не го преценувајте она што сте го добиле и не им завидувајте на другите.
  14. Оној кој им завидува на другите нема спокој.

Извор:hybread

Коментирај