За да ги оставите цигарите еве колку треба да се воздржувате од пушење

0
255

Постојат многу опции кои можат да ви помогнат во целост да престанете со пушење, како што се никотински фластери, гумите за џвакање и таблети. Покрај нив, постои и алтернатива како електронски цигари или оние кои го загреваат тутунот.

Истражувачите тврдат дека доколку сте направиле некој чекор во оставање на цигарите, шансите да останете во таа зона се големи. Податоците покажуваат дека доколку престенете да пушите само на 4 недели, шансите засекогаш да ги оставите цигарите се пет пати поголеми. Ќе имате тешки моменти, но потоа ќе сфатите дека се исплатело.

Во тоа може да ви помогне една одлична стратегија. Таа е направена такашто цел пат до одвикнувањето треба да се подели на неколку мали чекори. За почеток треба да одредите датум кога ќе го започнете вашето одвикнување.

Нека биде тоа нешто лесно за почеток и немојте да поставите цел подолга од 30 дена. Изберете го најдобриот начин за да го оставите пушењето и во целиот процес вклучете што е можно повеќе пријатели и членови на семејството. Придржувајте се до поставените цели и споделете го успехот за да останете мотивирани, но и да ги мотивирате останатите.

Оние кои стојат позади оваа стратегија, убедени се дека долгогодишните пушачи можат да успеат во ова, со мала поддршка од семејството и пријателите.

Извор:lider.mk

Коментирај