За Брисел нашите фабрики се загадувачи, за надлежните дома тоа е невидливо

0
144

Надлежните итно, во рок од една година, да ги решат „Охис“, „Дрисла“, „Железара“, „Јегуновце“, бараше завчера иницијативата „Канцерогено општество“ преку протест пред Собранието против загадувањето на воздухот. Ги повикуваат сите еколошки здруженија и активисти да се обединат.

Во меѓувреме, излезе европскиот извештај токму за тоа кој го предизвикува аерозагадувањето во земјава. На врвот на листата се индустриските капацитети. Но, интересно е што медиумите кои побарале мислење од Градот Скопје и од Министерството за животна средина, токму да го искоментираат овој извештај – не добиле став. Зачудувачки. Но и разбирливо, ако се знае дека истите овие институции ги сметаат за најголеми загадувачи домаќинствата, а фабриките не ги ни споменуваат.

И додека Брисел со прст вперува кон индустријата, домашните надлежни иститот прст го пренасочуваат кон граѓаните, не коментирајќи ги европските извештаи.

Дали ова значи и дека целата стратегија за која властите со самодоверба тврдат оти ја поседуваат во справување со аерозагадувањето – е погрешна? Или пак индустријата не сме да биде етикетирана како загадувач?

Извор: skopjeinfo.mk

Коментирај