Во Швајцарија можете да си купите куќа за еден франк – во игра е само еден услов

0
323

Уште еден веќе популарен потег на локални власти и стратегија за одржување во живот и зголемување на локалното население на мали места на кои им се заканува опасност од целосно згаснување.

Со цел да да се привлече ново население во селцето Монти Сциага во близина на италијанската граница, локалните власти во италијанскиот кантон Тицино во Швајцарија продаваат куќи за само еден франк. Се работи за симболична цена за недвижнина.

На располагање се девет куќи од камен. Купувачите по заклучување на договорот се должни да го реновираат објектот по тамошните прописи.

Куќите се наоѓаат на идилично опкружување со поглед на езерото Магиоре, а имаат достапни и водоводни инсталации, што значајно го олеснува преуредувањето.

Монти Сциага е уште едно европско село кое со евтини цени на недвижностите се обидува да привлече луѓе да живеат таму.

На сличен начин локалните самоуправи мамеа луѓе да дојдат да живеат на Сицилија, на грчките острови и шпански села.

Извор: taratur.mk

Коментирај