Вулканот им се оддолжи на Хавајците за траумте – им фрли скапоцени камења?

0
1027

Вулканот Килауеа на Големиот остров на Хаваи почна да исфрла мали примероци на скапоцени камења, пренесуваат странските медиуми според тврдењата на очевидци кои дека виделе мали зелени камчиња после ерупцијата.

Американските медиуми пренесуваат дека според очевидците, вулканот Килауеа исфрла оливин, односно скапоцен камен кој што често може да се најде во базалтната лава.

Неколку фотографии на социјалната мрежа Твитер објави метеорологот Ерин Џордон која што рече дека нејзини пријатели ги пронашле камењата.

Оливин е вообичаен минерал кој што се наоѓа во базалтната лава и излегува од пукнатините во близина на Килауеа, но научниците засега се поделени и мислат дека оливин не е каменот кој што го исфрлува хавајскиот вулкан.

Според Мајкл Гарсија, професор по геологија на Универзитетот Хаваи во Хонолулу, минералот Оливин е причината поради која Големиот остров има зеленкаста песочна плажа. Во облик на скапоцен камен, еден вид на оливин е познат како перидот, но најголемиот дел од хавајскиот оливин не е доволно квалитетен за да биде скапоцен камен, тврди професорот Гарсија.

Извор: taratur.mk

Коментирај