Вукашин Јовановиќ прв и на „Никон опен“- Софија

0
237

Вукашин Јовановиќ е момче на 12 години од Крива Паланка и активно тренира карате веќе 7 години! Според неговите тренери и стучните лица во македонското карате, Вукашин е со голем потенцијал и голем талент, а неговите резултати, секојдневно ги прикажува на дело!

treneri 2

Балкански репрезантативен вицешампион државен првак, балкански клубски првак и број еден на безброј меѓународни турнири, за што Вукашин, грижливо ги реди своите медали на ѕидот од неговата детска соба!

vuk soba

Јовановиќ, кој е член на Карате клубот Шампион  – Крива Паланка, завчера го освои првото место на Меѓународниот турнир „Никон опен “ во Софија, Бугарија, за овие свои успеси вели дека е благодарен на огромната подршката што му ја даваат таткото Владимир, мајката Александра и сестричката Магдалена, како и неговите клубски тренери, за кои, како што вели, се голема жртва за него – Жарко Ангеловски и Стевче Христовски!

treneri

„Во иднина сме фокусирани на државното првенство, по што следува и Балканското првенство во Белград“ – истакнува за ЈАВНО.МК Владимир – татко на гордоста на кривопаланчани Вукашин Јовановиќ.

vlade

Коментирај