Вучиќ: Македонија ќе добие датум за преговори пред изборите, зошто не сакаат да бидат виновни за поразот

0
623

По средбата со неговиот француски колега Емануел Макрон во Париз, српскиот претседател Александар Вучиќ одговарајќи на новинарски прашања рече дека очекува преговорите за членство во ЕУ со Македонија и Албанија да бидат отворени во март, освен ако не се чека Самитот во Загреб во мај.

Ќе го сторат тоа во март, бидејќи се плашат од резултатите од изборите во Скопје, каде се ќе се гласа на 12 април. Не сакаат да бидат виновни за поразот на некој кому му ветиле нешто за нешто што тој направил, изјави Вучиќ.

Извор: република.мк

Коментирај