Вучиќ: Со бојкотот на нобеловецот Хандке, македонската влада им покажа на Србите за кого да гласаат

0
3381

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, го коментираше бојкотот на доделувањето на Нобеловата награда за книжевност на австрискиот книжевник, Петер Хандке.

Тој на македонската Влада ѝ порача да си га гледа својата работа, но имаше порака и за Србите во Македонија.

-Нека си ја гледаат својата работа, но со бојкотот им покажаа на Србите во Северна Македонија како и за кого да се определат и за кого треба да гласаат. Мислам дека нивниот проблем(на Владата во С. Македонија) е многу поголем отколку нашиот, порача Вучиќ.

Тој изјави дека Хандке не е великан само на германското говорно подрачје, туку и за Србија.

Му ја честиташе Нобеловата награда и му забалгодари за се’ што направил во претходниот период.

-Хандке многу патеше и тешко го преживеа сето ова само затоа што веруваше во вистината и во мирот и што не наседнуваше на триковите и провокациите од НАТО земјите, изјави Вучиќ.

Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, во очи доделувањето на Нобеловата награда за книжевност, на Твитер напиша дека Македонија не ја поддржува и ја бојкотираа оваа одлука.

Коментирај