Врвен во брејкденс, одличен во кошарка: Бојан има 13 години, голем талент и импресивна амбиција

0
278

Бојан Киселички од скопската населба Козле има 13 години. Одличен е во играње брејкденс и со неговите настапи ја претставува Македонија на меѓународни натпревари. Огромен талент има и за кошарка, па овој спорт го избра како негово второ хоби.

Со успесите, посветеноста, талентот и упорноста, Бојан заслужи да биде дел од рубриката „Млади таленти“ на КУРИР.МК.

На само 9 годишна возраст, Бојан почнал да се пронаоѓа себеси во хип хопот. Додека неговите врсници во тој период од животот денот го делат на “време за училиште“ и “време за играње“, Киселички одлучил дека неговите денови ќе бидат исполнети и со други обврски.

Неговата поголема сестра го откри талентот на ова тогаш мало дете, а судејќи по она што го постигна денес, испраќаме големо БРАВО до неа.

-Уште од второ оделение мое хоби беше кошарката, меѓутоа после две години за прв пат се појави мојата желба да се запознаам со хип хопот. Додека гледав видеа од познати хип хоп танчери, решив дека и јас сакам да пробам вакво нешто, за кое што воопшто не се покајав. Мојот талент и чувство за танц го откри сестра ми, која професионално се занимава со истиот. Меѓутоа мојата прва инструкторка Ивана Балабанова, беше таа која го откри мојот талент за хип хоп, за кој никој претходно не знаеше, па дури ни самиот јас, рече Бојан во интервјуто за КУРИР.МК.

На подготовка троши доста време, како на часовите, така и дома. Важи за весело момче кое обожава музика и танц, кое секогаш е едно од најзабавните во друштвото.

– За да спремиме една кореографија за некој настап или натпревар, работиме по неколку месеци, зависно од тоа за каков настан се спремаме. Кога се спремаме за натпревари каде кореографиите се посложени и временски подолги, најчесто работиме по пет или шест месеци, кога се спремаме за кратки манифестации работиме еден или два месеци, рече Бојан.

Танцува сам, но и групно. Еднакво ужива работејќи, но сепак издвојува што повеќе го привлекува.

– Многу повеќе ме привлекува соло танцот отколку групниот танц, бидејќи можам да ги истакнам моите моментални чувства и да креирам нешто свое, во свој стил, каде ми е дозволена слобода во движењата. Во групниот танц мора да се придржуваме кон зададените движења од кореографијата, но тоа што најмногу ми се допаѓа во групниот танц е дружбата со соиграчите, која е незаменлива, вели младиот талент.

Целиот труд му се исплати. Горд е на секоја награда која му дава мотив да вложи повеќе во себе, да се надоградува и да го исполни секој замислен успех.

Целото интервју на Бојан Киселички за порталот Курир.мк можете да го почитате ТУКА!

Коментирај