Врие од полиција во скопски Аерoдром – приведен снимателот на Сител

0
315

Снимателот на Сител е задржан од полицијата додека ја снимал сообраќајката на функционерлата на СДСМ Мила Царовска. Полицијата сакала да му го одземе снимениот материјал со објаснување дека не смее да снима. Откако снимателот одбил да го предаде материјалот полицијата му забранила да го напушти местото.

Како што веќе објавивме вечерва Царовска учествувала во сообраќајна несреќа пред Ред кафе во Аеродром. На местото веднаш пристигнале голем број функционери на СДСМ.

Коментирај