Времето во Македонија сончево со мала до умерена облачност, на места ќе провејува слаб снег

0
216

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне на места ќе провејува слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во четврток попладне и во петок ќе има повремени врнежи претежно од снег и на места ќе се формира нова снежна покривка. За време на викендот ќе преовладува облачно време со повремен локален дожд на пониските места, а на планините со повремен снег. По одделни котлини ќе има појава на магла

Коментирај