Времето денес

0
259

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус шест до три, а дневната од девет до 17 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе достигне до 15 степени.

Во недела повторно ќе има засилен северен ветер особено во северните делови и в долж Повардарието. Во недела попладне ќе се зголеми облачноста и ќе има услови за појава на слаб краткотраен дожд, а преку ноќта на планините појава на слаб снег.

 

Коментирај