Временска прогноза: Денеска сончево но од утре обилни врнежи од снег

0
490

Според УХМР времето денеска ќе биде сончево со мала, а во западните делови со умерена облачност. Ќе дува умерен, на места засилен ветер од северен правец.

Но од утре не очекува снег кој ќе врне во западните делови на земјата, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде низ земјава.

Насекаде ќе се формира нова снежна покривка, на западот и југот околу 10 см, на планините и над 20 см, а најмала во североисточните делови (околу 5 см). Поради засилениот северен ветер можна е појава на снежни наноси.

 

Коментирај