Вработените во ПОЦ и директорот Саша Богдановиќ, пајташот на СДСМ почнаа со изборната кампања (ФОТО)

0
617

Пред два дена СДСМ во Струмица ја скандалозно ја злоупотреби администрацијата за снимање партиски спот за кампањата, сега тоа продолжува и во Скопје .

strumica

Додека генералниот партиски секретар Оливер Спасовски и Александар Кирацовски од позиции на технички функционери во власта нагласуваат дека тоа спротивно на законот и дека ќе казнувале за злоупотреби, сета администрација на лидерот Зоран Заев, заедно со учители, професори и негувателки од градинките со наредба биле извадена во парк за снимање во партиски цели.

И Спасовски и Кирацовски на тоа останаа слепи. Ништо не е поразлично и во Скопје, а не се очекува двајцата технички функционери од СДСМ тоа да го регистрираат или да го казнат. ПОЦ на Богдановиќ повторно е ставен во партиска служба, со што СДСМ продолжува со злоупотреба на администрацијата, и покрај реакциите по злоупотребите во Струмица.

parkinziletok

Во Скопје и сега, како и во претходни наврати, вработените во Паркинзи на општина Центар, се ставени во улога на партиски лепачи на плакати. Тие наместо да се грижат за редов во паркирањето, од директорот на ПОЦ, Саша Богдановиќ, познат член на СДСМ, добиле наредба на секој паркиран автомобил да остават рекламен партиски материјал.

Тоа е спротивно и на Законот за вработени во јавниот сектор и спротивно на Законот за административни службеници. Истовремено ова е и предвремено влегување во кампања со што се прекршува и изборниот законик.

Злоупотребата на вработените во ПОЦ во партиски цели на СДСМ не е новина во работењето на Богдановиќ. Тие исто така беа ангажирани да лепат постери и рекламен материјал за таканаречениот Марш на булеварот Партизански одреди во Скопје кој што го организираше СДСМ за 11. Октомври.

parkinzi2plakata

 

Коментирај