Вработените во АД „Водостопанство“ немаат плати – Директорот изнајмил возила за 415.000 евра

0
130

Вработените во АД „Водостопанство“ немаат плата додека актуелниот директор Илми Селами, кадар на ДУИ и поранешниот прв човек на Антикорупциската комисија од времето кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ, троши огромни средства за автомобили, пишува 24 Вести.

Селами пред неколку месеци изнајмил 15 автомобили за кои ќе плаќа 415.000 евра и после 5 години истите ќе треба да ги врати, а според пресметките, ако возилата ги купелза нив ќе плател 150.000 евра помалку.

Селами за свои потреби набавил „рено талисман“ од 50.000 евра.

Директорот на „Водостопанство“ Селами, за Телевизија 24 вели дека возилата биле основно средство за работа и морало да се набават, а дури и да не се набавеле возилата, парите за плати повторно ќе биле проблем.

Извор: Ескпрес.мк / 24 Вести

ДВОЛИЧНОСТА НА ДЕЛО: До вчера ги обвинуваа за криминал, а сега Заев си ги назначи за директори

Коментирај