ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: За влакно ја избегна смртта – Полицаец летна во воздух по тешка сообраќајка

0
547

На патот прекриен со снег, полицискиот службеник Кеј Бренчил излегол од својот автомобил и тргнал кон возилото напред.

Во тој момент, со полна брзина налетал автомобил чиј возач изгубил контрола на лизгавата подлога. Полицаецот стравотно е отфрлен и после летот во воздухот паднал на земја.

За среќа го преживеал ударот и поминал со скршено рамо и неколку ребра.

-Се сеќавам само како излегов од својот автомобил, после тоа завладеа црнило. Се стана црно,  изјавил Бренчил, кој откако ја виде снимката изјавил чудење како воопшто успеал да преживее.

Коментирај