Возач го загуби животот во сообраќајна несреќа, управувајќи патничко возило „Пежо 607“

0
245

Возач го загуби животот во сообраќајна несреќа откако управувајќи патничко возило „Пежо 607“ изгубил контрола, излетал од патот и удрил во бетонска ограда.

Од МВР информираат дека несреќата се случила вчера околу 13.50 часот на патниот правец Струмица-Берово, на излез од с.Дабиле.

-Од ударот и здобиените повреди Г.Т. (49) од село Петралинци починал на местото. Смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош. Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица.  По наредба на Јавниот обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството за погреб, велат од полицијата.

Во периодот од 14.05 до 16.30 часот патот бил затворен, а сообраќајот истиот бил пренасочуван по магистралниот пат с.Дабиле кон с.Босилово

Коментирај