ВО ЖИВО: Обраќање на претседателот Ѓорге Иванов

0
5332

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во 16:30 часот ќе се обрати до граѓаните на Република Македонија.

Засега нема сознанија за содржината на говорот што ќе го одржи Иванов, но се очекува да биде во контекст на прашањето за доделување мандат за формирање влада.

Пред два дена лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на претседателот Иванов му достави 67 потписи од пратеници, што беше еден од условите за добивање мандат за формирање нова влада.

Од Иванов зависи кога и дали ќе го назначи Заев за мандатар. Иако очекувањата на опозицијата беа дека тоа ќе се случи за ден-два, јасно е дека тоа нема да се случи толку брзо. Според Уставот, нема рок до кога шефот на државата треба да одлучи за доделување мандат откако првиот мандатар го враќа.

Уставот пропишува дека шефот на државата му го дава мандатот на кандидатот на партијата или коалицијата која има мнозинство десет дена по конституирањето на Собранието, но не и кога тоа треба да го стори со друг кандидат.

Обраќањето на претседателот Иванов можете да го следете во живо на следниот линк:


Иванов: Ниту Уставот, ниту совеста не ми дозволуваат да дадам мандат на некој кој ја руши независноста и сувереноста!
(ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА)

Коментирај