ВО ЖИВО: Над 20.000 граѓани порачаа дека „Народот е најдобриот чувар на мирот во сопствената држава“

0
2834

Над 20.000 граѓани одговорија на повикот на граѓанската иницијатива за Заедничка Македонија која повика на мирен собир.

Собирот навистина е масовен и по збирното место пред Владата, присутните поминаа покрај Канцеларијата на претседателот Иванов, а маршот ќе заврши пред Собранието.

Дури и организаторите истакнаа дека се изненадени од огромниот број на граѓани кои се приклучија, по помалку од 12 часа од формирањето на иницијативата. На маршот се скандира МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА и се пеат патриотски песни.Protest-za-zaednicka-Makedonija-Сите кои сме тука одлучивме на мирен начин. Повикуваме на свест, разум и одлучност. Апелираме вашето демократско право да го изразите мирно и достоинствено, со почитување на законите. Покажуваме почит кон институциите и чуварите на миеор и сите граѓани кои веруваат во иднината на Македонија како мзаедничка држава. Симболот кој не обединува е знамето на РМ, жолтата и црвената боја. Народот е најдобриот чувар на мирот во сопствената држава, истакна Борис Дамовски.

Protest-pred-Vlada-1Protest-pred-Vlada-5 Protest-pred-Vlada-7 Protest-pred-Vlada-8 Protest-pred-Vlada-3 Protest-pred-Vlada-4

Коментирај