ВО ЦЕНТАР: Кој сака на сила да воведе двојазичност во Македонија? (ВИДЕО)

0
892

Последната емисија „Во Центар“ на новинарот и аналитичар, Васко Ефтов има наслов „Кој сака на сила да воведе двојазичност“, а во неа централно место има интервјуто со поранешниот пратеник и генерален секретар на ПДП, Насер Зибери, кој како што вели авторот, е еден од најмоќните албански политичари, беше министер за труд и социјална политика, а потоа и потпретседател во владата на Бранко Црвенковски од 1996 до 1998 година.

Во клучните „албански периоди“, кога треба да се глсаса за Уставот на Република Македонија, Референдумот за независнот на Република Македонија, Референдумот за Илирида и клучната операција за издавање на 150.000 државјанства на албанци во Република Македонија. Сите овие работи се направени за време на мандатот на господинот Насер Зибери, кој во 2001 година со делегација на Партијата за демократски просперитет (ПДП) е првата политичка структура од Република Македонија која воспоставува комуникација со Али Ахмети и неговиот штаб во Призрен, а тоа го прави со помош на структурите на ОБСЕ.

Ефтов истакнува дека постоијат четири точки кои се клучни за македонскиот идентитет. Тоа е прашањето за името и спорот кој го имаме со Грција. Втора точка е прашањето на територијата која прв пат беше атакувана (после 1944/45) во текот на војната вп 2001 година. Третата точка е прашањето со црквата кое го имаме со соседна Србија. А четвртото и клучно прашање е прашањето за јазикот кој претставува клучна нотификација, односно клучен елемент за идентитет и една држава, на една нација, затоа сме ние посебно сензитивни кога некој ни чепка по македонскиот јазик. Бугарите тоа го прават перманентно. Вториот обид е на Албанците да воведат двојазичност во Република Македонија, односно македонскиот јазик да добие една паралелна структура во албанскиот јазик, односно албанскиот јазик, првенствено на мала врата да се протне како втор службен јазик во Република Македонија. Тие стремежи на албанците беа одбиени во 2001 година кога е потпишан Рамковниот договор, во меѓувреме тие стремежи повторно се јавија, најдоа свое упориште во одредени македонски политички структури и сега се пред реализација.

Ако бидат реализирани тие стремежи за двојазичност во Република Македонија и тоа биде направено во еден сензитивен политички момент, кога треба да го решаваме прашањето со името, прашањето со црквата, прашањето со територијата, тогаш се поставува прашањето на кого во Република Македонија му одговара да биде продлабочена политичката криза и недај Боже, повторно да ни се случи некој нов „27 април“. Кој ќе сноси одговорност доколку тоа повторно се случи во Република Македонија? Дали тоа на некого му одговара? Дали некој работи на тоа прашање и која ќе биде крајната агенда?

Сите овие, но и многу други прашања се разработени во интервјуто со Насер Зибери во емисијата „Во Центар“ каде што исто така се опфатени делови од неколку претходни интервјуа кои обработуваат слична тематика, а меѓу нив се интервјуто со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, со пратеникот на ДУИ, православниот албанец Бранко Манојловски, со поранешниот српски премиер Зоран Живковиќ, со поранешниот министер за МВР, Павле Трајанов, со експертот за албанскиот ирединтизам, проф. д-р Томе Батковски, со поранешниот Претседател на Собранието на Република Македонија, Стојан Андов, како и со експертот за безбедност, доц. д-р Златко Кесковски.

Погледнете ја целата емисија:

Коментирај