ВО ЦЕНТАР: Југослав Петрушиќ со ексклузивни податоци за тоа „Што се случи на 27 април?“ (ВИДЕО)

0
2460

Вечерашнава емисија „Во Центар“ на новинарот и аналитичар Васко Ефтов е всушност интервју со српско-францускиот агент и поранешен припадник на Легијата за странците, Југослав Петрушиќ на тема, што се случуваше, што се случува и што ќе се случува во и околу Република Македонија.

„Јас сметам дека македонскиот народ има право на свое име, овде се родени најголемите цареви, кралеви и државници во светот и тоа мора да остане такак како што е, односно онака како што историјата направила да биде. Луѓето кои сакаат денес да му го променат името на македонскиот народ мора да знаат дека еден ден ќе бидат казнети од Бога“, истакна Петушиќ.

Српско-францускиот детектив и разузнавач додава дека „Поради новата прераспределба на светот, меѓу другото, треба да се земе историјата на Македонија, нејзиниот историски код и да се промени со нов генетски код кој ќе се асимилира во македонското битие и еден ден тие ќе бидат најголемите Македонци, во оној момент кога ќе се истребат автохтоните Македонци“.

Во ова ексклузивно интервју Петрушиќ изнесе мноштво информации и податоци за тоа што се случи на 27 април во Собранието на Република Македонија, за мигрантската политика, за положбата на Македонија на место каде што никогаш нема мир, како и за геостратешката политика на дип стејтот или групациите кои сакаат да донесат хаос и го заземат Ерусалим (кој е последна линија на одбрана на опстанокот на овој наш свет) под контрола на муслиманите.

Погледнете ја целата емисија и нема да зажалите:

Коментирај