Во смрзнато тело од 42.000 години стар праисториски коњ најдени течна крв и урина

0
82

Тело од смрзнато ждребе старо 42.000 години беше откриено во руската област Верхојанск, а импресивноста на откритието беше уште поголема кога научниците во телото од овој древен примерок на коњ најдоа крв и урина во течна состојба, кои ќе ги искористат за да го клонираат овој изумрен вид.

Директорот на Музејот на мамути во Јакутск, Семјон Григориев, вели дека течностите ги извадиле од телото на праисториското ждребе во надеж дека ќе може да го клонираат животното. Телото го пронашле трагачи по заби од мамут во 2018 во пермафрост, смрзната земја во поларниот дел на Сибир и тоа во кратерот Батагајка.

„Ждребето имало само две недели кога починало , веројатно зашто се удавило во калта , што подоцна се претворила во пермафрост. Обдукцијата покажа дека телото е исклучително добро сочувано. Влакната се наоѓаат на поголем дел од телото , особено на главата и нозете . Сега дознавме која боја билокрзното на изумрените коњи од времето на Плеистоцен”, вели Григориев.

Поради мумификацијата на животните, ова е прв случај да се најде течна крв во тело на праисториско животно. Григориев вели дека соработуваат со научници од јужнокорејскиот институт СООАМ , со кои настојуваат да го клонираат ждребето.

Директорот вели дека е скептичен во врска со тоа , бидејќи сепак ДНК била оштетена зашто црвените крвни клетки не ја содржеле веќе. Сега бараат зачувани клетки од мускулите и внатрешните органи за од таму да извлечат ДНК за клонирање.

Извор: taratur.mk

Коментирај