Во Скопје пешак и возач на мотор тешко повредени во сообраќајка

0
369

Според билтенот на СВР Скопје, во изминатото деноноќие се случиле вкупно 12 сообраќајки во кои со лесни повреди се здобиле четири лица, а во осум сообраќајки е причинета материјална штета.

Дваесет и двајца возачи возеле со поголема брзина од дозволената, а од сообраќај се исклучени четворица возачи кои биле под дејство на алкохол, 18 возачи кои возеле пред да се стекнат со правото за управување со моторно возило и еден возач почетник.

Од сообраќај се исклучени и пет технички неисправни возила и 13 нерегистрирани возила.

Сообраќајната полиција има издадено 60 казни за непрописно паркирање, а 50 возила биле подигнати со специјалното возило „пајак“.

На црвено светло на крстосница поминале пет возачи

Коментирај