Во Шпанија разбиена нарко мрежа во која учествувале и лица од Балканот

0
300

Шпанската полиција на Канарските Острови уапси 11 лица осомничени за трговија со дрога низ цела Европа, меѓу кои и по еден државјанин на Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора, јавија шпанските медиуми.

Уапсените се осомничени дека од Јужна Америка пренесувале големи количества на дрога, претежно кокаин, наменет за европскиот пазар.

За време на апсењата се запленети 49 килограми кокаин, 20 килограми хашиш, пиштоли, муниција и околу 40 илјади евра.

Групата е уапсена во рамки на операцијата „Сципион“, која шпанската полиција ја спроведува од крајот на минатата година.

loading...

Коментирај