Во ретровизор го виде својот убиец: Шокантна снимка од ликвидацијата на мисица ги покажува нејзините последни мигови (ВИДЕО)

0
277

Во Инстаграм ѕвездата од Ирак, 22 годишната Тара Фарес, непознат сторител испукал три куршуми во глава додека се возела со автомобил.

Мажот побегна на мотор во Багдад, а има сомненија дека тоа е дело на позната екстремистичка група.

Поранешната мис на Багдад имала повеќе од 2,6 милиони следачи на Инстаграм, секојдневно објавувала провокативни фотографии, а популарноста ја стекнала во 2015 после изборот за мис. Била позната по отворените ставови за слободата, животот и религијта.

Живеела „антиисламски“, како што говореле нејзините критичари. Се омажила кога имала 16 години, а бракот и траел кратко. Се развела откако нејзиниот сопруг ја тепал, а за тоа проговорила на социјалните мрежи.

Убиството на жената која во својата земја се борела за еднаквост на мажите и жените, е само еден од случаите кои во последно време ја потресле јавноста. Убиена е на почетокот на октомври, само два дена после убиството на активистката за човекови права Суада Ал-Али.

Еден месец порано кобно завршила и пластичниот хирург, жената Рафеф Ал-Јасири. Неа ја нарекуваа ирачката барбика, а има сомнежи дека отруена. Раша Ал-Хасан, менаџерка и сопственичка на козметички салон во Багдад е исто така пронајдена мртва. Сите жртви биле познати по своите хуманитарни напори и борбата за човековите права.

Иако нема докази дека случаите со убиствата се поврзани, активистката за правата на жените Хана Едвар кажала дека сите четири жртви се убиени за да не бидат дел од ирачкиот јавен живот.

Админот на социјалните мрежи на познатите, Хајдер Исам, кажал дека дел од уметниците и моделите ги деактивирале своите профили поради страв за сопствениот живот.

Припадниците на екстремистичката група и се заканувале и Шими Казим, исто така поранешна мис на Ирак. Тие и напишале „ти си следна“.

Коментирај