ВО ПЕТОК ОД 20 ЧАСОТ: Фестивал „Осоговска староградска вечер“ во Крива Паланка

0
1005

Староградски ансамбли и групи од земјава и соседството ќе бидат дел до годинашниот, трет по ред, Фестивал на староградски песни и серенади „Осоговска староградска вечер“, кој ќе се одржи утревечер на плоштадот „Карпошово востание“ во Крива Паланка.

Osogovska-starogradska-vecer

Од локалната самоуправа на општината информираат дека со овој настан ќе отпочне програмата на „Кривопаланечко културно лето 2017“.

На настанот кој ќе почне во 20 часот ќе настапат: групата за староградски песни „Делчевски еснафи” и женската пејачка група „Ѓурѓа“, двете од Делчево, Ансамблот за староградски песни „Серенада“, Виница, „Распеани валандовчани“ од Валандово, староградска група „Извор“ од Врање, Република Србија и друштвото „Распеани Кривопаланчани “, Крива Паланка.

Фестивалот има за цел зачувување на староградските песни од разни краишта, кои се негувале во минатото и биле неизоставен дел од сите градски случувања. Манифестацијата е во организација на општината и Центарот за култура во Крива Паланка.

Коментирај