Во Крива Паланка ќе се слават Водици и „Пивтијада 2017“

0
3224

Во организација на локалната самоуправа на општината и Македонска православна црква, Кумановско-осоговска епархија, Кривопаланечо архиерејско намесништво, в четврток во Крива Паланка ќе се одржи прославата на големиот христијански празник, Богојавление-Водици.

Одбележувањето на големиот христијански празник ќе започне со свечена литургија во соборниот храм „Свети Димитриј“, по што следува чинот на спуштање на благословениот крст во водите на Крива Река.

Vodici-Kriva-Palanka-1

Чинот на спуштањето на крстот е предвиден за 10 часот, од мостот што води кон населбата „Бавчалк“, т.н Шанин мост. Сите заинтересирани верници кои ќе скокаат по крстот во водите на Крива Река потребно е да достават потврда од лекар за психо-физичка способност во црквата „Св.Димитриј“, информираат од локалната самоуправа на општина Крива Паланка.

Pivtijada-2

Прославата ќе продолжи со манифестацијата „Пивтијада 2017“, на централниот градски плоштад, каде граѓаните ќе ги дегустираат традиционалните пивтии подготвени од учениците во угостителската паралелка при Средното општинско учииште „Ѓорче Петров“, Крива Паланка.

Pivtijada-1

Од локалната самоуправа ги повикаа граѓаните да присуствуваат на настанот и заеднички во духот на традицијата да го прослават празникот.

Коментирај