Во Крива Паланка изложба за дводецениското аматерско творештво на Игор Додевски (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

0
123

Љубителите на уметноста од Крива Паланка од денеска можат да ја погледнат ретроспективната изложба од дводецениското творештво на нивниот сограѓанин Игор Додевски.

Igor-Dodevski-izlozba-1 Igor-Dodevski-izlozba-4

Педесеттина дела работени во техника акрил на платно се изложени во градската уметничка галерија Градски музеј Крива Паланка во рамки на првата самостојна изложба „Дваесет години аматерско творештво“ на Игор Додевски.

Настанот е во организација на Општина Крива Паланка и Градски музеј, а е дел од програмата на „Кривопаланечко културно лето 2018″.

Igor-Dodevski-izlozba-13 Igor-Dodevski-izlozba-12 Igor-Dodevski-izlozba-6

Градоначалникот Борјанчо Мицевски истакна дека во рамки на Кривопаланечкото културно лето се предвидени повеќе настани меѓу кои и оваа изложба со што се збогатува културниот живот во општината, се промовираат локалните автори.

Igor-Dodevski-izlozba-8 Igor-Dodevski-izlozba-14 Igor-Dodevski-izlozba-15

Додевски е роден во Крива Паланка 1978 година, по професија е дипломиран правник, а со аматерско сликарство се занимава од најмлада возраст. Во почетокот работи цртежи со молив и јаглен, а подоцна и со акрилни и маслените бои на на платно, дрво и други медиуми. Тематски работи портрети, мртва природа, животни, апстрактна уметност, македонска архитектура и фолклор. Неисцрпен извор на инспирација во неговото творештво е Манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ кој е застапен со повеќе од една третина во неговото вкупно творештво.

Igor-Dodevski-izlozba-11 Igor-Dodevski-izlozba-10 Igor-Dodevski-izlozba-9

Игор Додевски досега реализирал повеќе заеднички изложби во Музеј на Град Скопје-Стара Железничка Станица, Културно информативен Центар Скопје, Музеј на град Битола, Хотел Гранит Охрид, Vibrant Art Gallery – Канада и други.

Igor-Dodevski-izlozba-7 Igor-Dodevski-izlozba-3

Фото: Стојанче Величковски

Коментирај