Во какви заблуди веруваме?

0
211

Колку пати ви се случило некому со факти да се обидете да му докажете нешто а тие сепак да не го менуваат своето мислење? Експертите велат дека и тие се соочуваат со истиот проблем.

Соочени со непобитните факти, луѓето најчесто уште подлабоко се „закопуваат“ во своите уверувања. На пример, многумина ги негираат доказите за еволуцијата во фосилите и во ДНК, бидејќи се плашат дека науката ја напаѓа религијата.

Противниците на вакцините не им веруваат на фармацевтските компании и мислат дека парите ја корумпираат професијата, а сметаат дека вакцините предизвикуваат аутизам. Од друга страна, голем број луѓе веруваат во позитивното својство на вакцината.

Некои луѓе веруваат дека добро зборуваат јазици затоа што им е поразвиена левата хемисфера на мозокот, а дека оние што имаат развиена десна хемисфера се подобри во математика. Сепак, не постои никаков научен доказ за ова.

Повеќето луѓе веруваат дека големиот кинески ѕид може да се види од вселената. Сепак, астронаутите велат дека од вселената не може да се види и точно да се распозне ниеден објект на Земјата.

За некои луѓе е вистина дека во времето на диносаурусите на земјата живееле и луѓето. Научните факти покажуваат дека сме се „разминале“ за околу 64 милиони години.

Има луѓе кои веруваат дека „црните дупки“ се навистина дупки и не можат да го прифатат фактот дека тоа се огромни густи сфери кои имаат огромна гравитациска привлечност.

Колку пати ви рекле да не допирате мали пилиња затоа што мајката ќе ги напушти ако не им го препознае мирисот и ако мирисаат на луѓе? Факт е дека повеќето птици имаат ограничено чувство за мирис, па сеедно е дали ќе ги допрете или не.

Дали ви велат дека алкохолот ги убива мозочните келии? Научно е докажано дека не може да ги „убие“, само да ги оштети.

Луѓето често ги менуваат фактите за да докажат дека нивните уверувања се вистинити, дури и кога не се. Ова го прават за да ги натераат и другите да веруваат во нивното мислење, дури и кога тоа не е точно.

Но, што можете да направите за да им докажете на луѓето дека имаат погрешно мислење за нешто? Постојат неколку решенија:

Не внесувајте емоции во расправиите. Обидете се само да ги кажете фактите.

Разговарајте на темата но не ги напаѓајте. Секој има право на свое мислење.

Внимателно слушајте и обидете се што поточно да го искажете своето спротивставено мислење.

Покажете дека разбирате зошто некој би можел да има такво мислење. На крајот, не мора да се сложите со него.

Оваа стратегија можеби нема секогаш да го смени мислењето на луѓето, ама со оглед на сè она што се случува секојдневно во светот, можеби барем малку би можела да ја смени непотребната поделеност.

 www.hybread.mk

loading...

Коментирај