Во Италија уапсени 17 соработници на Коза Ностра, меѓу нив и дилер на оружје – терорист од „Диво Насеље“

0
676

Во Италија уапсена парамилитарна група во која членувале балкански и италијански мафијаши. Еден член на групата е баран од македонските власти, а учествувал во нападот во Куманово во мај 2015 година кога загинаа 8 македонски специјалци, објави ТВ Алфа.

Во Италија уапсена парамилитарна група во која членувале балкански и италијански мафијаши. Еден член на групата е баран од македонските власти, а учествувал во нападот во Куманово во мај 2015 година кога загинаа 8 македонски специјалци. Во операцијата која траела од 2016 година уапсен е уште најмалку еден македонски државјанин.

Италијанската полиција вчера уапсила 17 припадници на парамилитантна организација од кои 8 се странски државјани на Македонија, Косово и Германија. Осомничените шверцувале оружје и дијаманти, организирале шверц со мигранти, а соработувале со Сицилијанската мафија Коза Ностра (Наша работа).

Италијанската полиција две години ги следела контактите меѓу Коза Ностра и парамилитантната организација која е активна на Балканот, објави обвинител од одделот за борба против мафијата во Палермо кој координирал со акцијата.

Uapseni-kriminalci-vo-Italija

Сите уапсени од страна на италијанската воена полиција се обвинети за транснационално кримминално здружување, шверц со мигратни преку балканската рута, трговија со оружје и перење пари.

Според истрагата се работи за две различни оперативни структури кои што функционирале независно една од друга но сепак претставувале една организација поради што дури по две години италијанските власти успеале да ја завршат истрагата.

Во истрагата биле вклучени правосудни органи од неколку балкански земји меѓу кои и од Македонија.

Во групата има најмалку еден македонски државјанин за кои италијанските власти тврдат дека поседувал кратко и долго воено оружје и бомби, кои пред кратко време ги продал на други субјекти на Балканот.

Еден од уапсените во моментов е баран со потерница од страна на Македонската полиција за наводно членство на парамилитарна група која потекнува од распуштената УЧК на Косово.

Парамилитарната група според италијанските власти била инволвирана во вооружен напад во Куманово во мај 2015 година во кој загинаа 8 полицајци и десетина членови на групата.

„Оваа ситуација – врски меѓу италијанската мафија и парамилитанти од Балканот, претставува најалармантен апсект на нашата истрага изјавил шефот на полициската единица во Палермо по апсењето на групата.

Извор: Алфа.мк

Коментирај