Внимавајте со пастата за заби: Ако вашето дете става многу од неа тоа е критично и мора да реагирате веднаш

0
156
Dental health care. Closeup woman holding toothbrush and placing toothpaste on it smiling face in the background

Дали користите исто толку паста за заби колку и на рекламите? Дали ја нанесувате пастата врз целата четка? Ако одговорот е да, најверојатно само ја трошите пастата залудно. Но доколку вашите деца го прават тоа, предозирањето со паста може да предизвика проблеми.

Ова не значи дека не треба да употребувате паста за заби. Сепак ги миеме забите за да ги отстраниме бактериите и шеќерите кои неуморно се обидуваат да ги оштетат нашите заби. Но, пастата за заби не е неопходна за оваа работа. Она што е всушност важно кај неа е флуорот.

Флуорот е минерал што се наоѓа во карпите, а мало количество од него природно завршува во водата. Во некои држави се додава флуор во резервоарите за вода бидејќи е докажано дека помага при обновувањето на емајлот, побрзо отколку што бактериите ги распаѓаат забите. Кај децата со млечни заби, флуорот го зајакнува емајлот на трајните заби кои допрва треба да пораснат, на овој начин правејќи ги поотпорни на кариес.

Иако повеќето луѓе имаат пристап до вода со флуор, заболекарите препорачуваат да ги „реминерализираме“ забите со повеќе флуор, па токму поради тоа тој се наоѓа и во пастите.

Но сепак, едно истражување објавено на 1-ви февруари 2019-та година, од страна на Центарот за контрола и превенција на болести, покажало дека 40% од децата на возраст од 3 до 6 години користат повеќе паста отколку што препорачуваат заболекарите. Во Анкетата за национално здравје и исхрана на Центарот за контрола за прв пат биле вклучени прашања за миењето и пастите за заби. Околу 1.700 родители и старатели на деца и адолесценти кажале колку често секое од нивните деца си ги мие забите, возраста на која започнало да ги мие забите и колку паста користи секој ден.

Истражувањето открило дека 80% од родителите не им ги мијат забите на децата доволно рано, а ова може да предизвика кариес во детството. Самото миење е клучно за спречување на кариесот, но голема улога има и флуорот.

„Флуорот е критичен за децата бидејќи нивните заби се развиваат, а тој ги зајакнува“, изјавила доктор Џина Торнтон Еванс, авторка на истражувањето.

„Особено кога се млади – односно кога имаат 6 или помалку години, тогаш нивниот рефлекс за голтање не е развиен и тие можат да ја голтнат пастата наместо да ја плукнат. Кога ќе голтнат премногу паста можат да развија состојба позата како дентална флуороза на нивните трајни заби. Па, препорачуваме родителите да ставаат паста со големина на зрно грашок на нивните четки.“
Денталната флуороза не е опасна состојба, но може да се случи кога детето консумира премногу флуорид, додека трајните заби се уште се развиваат во непцето. Резултатот може да биде козметички – премногу флуорид не е лошо за забите. Всушност, според некои заболекари може да ги направи забите и поотпорни на расипување, но предизвикува појава на бели линии и дамки на забите. Обично оваа состојба не е многу забележлива и се случува додека се развиваат трајните заби.

Но Џина нагласува дека преминувањето на дневната препорачана доза флуорид кај детето е проблем кој се појавува бидејќи родителите не почнуваат да ги учат децата на добри навики за миење уште од детството.

„Сакаме родителите не само да ги надгледуваат нивните заби, туку и да ги мијат откако ќе наполнат 6 месеци, кога ќе се појави првиот заб“.

Коментирај