ВМРО СЕ МОБИЛИЗИРА: Свикани итни состаноци на сите Општински Комитети во цела Македонија

0
41402

ВМРО-ДПМНЕ свикува итни седници на Општинските Комитети на партијата во цела Македонија.

Ова следува по информациите за обидот на СДСМ и ДУИ за редефинирање на Македонија, спротивно на волјата на мнозинството Македонци.

Редакција на ЈАВНО.МК стигна до порака со известување која според нашиот извор во четврток попладне е пратена како насока до сите општински комитети во целата држава.

„Во текот на утрешниот ден треба да одржите итна седница на Општинскиот комитет во проширен состав, со сите претседатели на месни комитети. Уште од вечер известете ги сите членови задолжително да бидат присутни на состанокот што значи вечерва и утре од сабајле преку итни кол-центри да ги информирате. Насоки по однос на темата на состанокот ќе доставиме во текот на утрешниот ден. Тргаме во офанзива, нападната ни е Татковината, Македонија треба да се брани. Следува бурен период, пролет со многу енергија и борба за ВМРО и Македонија. Ќе победиме!

Да живее ВМРО, да живее Македонија!!!“

VMRO-se-mobiliziraЛавина од реакции има и на социјалните мрежи, каде атмосферата е зовриена после откривањето на содржината од договорот меѓу СДСМ и албанските партии. Граѓаните се бесни и бараат одговорност и реакција на обидите да се воведе двојазичност во Македонија, посебно со договор аминуван од партија која ја нема поддршката од мнозинството граѓани во Македонија.

Коментирај