ВМРО- ДПМНЕ: Заев треба да знае дека криминалите кои ги сторил не застаруваат бргу и за истите ќе одговара

0
481

Нелегално избраниот претседател на Собранието, Талат Џафери, поддржан од СДС, отпочна да го применува албанскиот јазик како јазик на кој Собранието се обраќа до јавноста, покрај македонскиот, давајќи ни само мал поглед како ќе се одвива и имплементира двојазичноста на дело.

Џафери исто така јасно кажа дека нема намера да го почитува сегашниот закон за употреба на јазиците и дека собраниските седници ќе ги води на албански јазик, а доколку затоа има потреба би го сменил и законот, иако водењето на собраниските седници на друг јазик различен од македонскиот, не според законот, туку според Уставот не е дозволено.

Пред ваквите изјави и дејствија за флагрантно кршење на законите на Република Македонија и поткопување на Уставот СДС молчи и ги потпомага.

Граѓаните на Република Македонија можат да видат само мал сегмент како ќе функционираат институциите откако СДС би ја презел власта – целосно двојазични на сите нивоа на власта на локално и централно ниво, двојазични банкноти и униформи, дебата за промена и промена на државните симболи, промена на името на државата и како крајна фаза на планот од Тирана, федерелизација на Република Македонија.

Граѓаните не го дадоа својот глас за реализација на Тиранската Платформа, граѓаните се излажани и постизборно измамени.

Криминалецот Заев е спремен да ја реазлизира Тиранската Платформа, за да дојде на власт, во надеж дека од позиција на власт ќе се спаси од кривичен прогон за големиот број кривични дела кои ги извршил.

Криминалецот Заев треба да знае дека криминалите кои ги сторил не застаруваат бргу и за истите ќе одговара.

Криминалецот Заев треба да знае и дека за разнебитувањето на државата и поткопувањето на унитарноста на државата исто така ќе одговара и пред законот и пред граѓаните на избори.

loading...

Коментирај