ВМРО-ДПМНЕ: Заев и ненародниот СДСМ ја завија државата во црно, мора да одговараат за хаосот во кој ја втурна Македонија

0
315

Зоран Заев и ненародниот СДСМ ја завија државата во црно. Правната држава и владеењето на правото се мисловен поим со СДСМ  на власт, а институциите се користат за хајка на политички неистомисленици, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Правосудните органи не одлучуваат врз основа  на  закон, туку врз основа на политички диктат. Политички се гонат неистомислениците на Зоран Заев, а во исто време против репрезентите на актуелната власт не е подигнато ниту едно обвинение, стои во партиската реакција и се додава:

„Безбедноста е нарушена. Секојдневно се случуваат убиства, грабежи и се палат автомобили, а никој за тоа не одговара. Економијата скоро две години е завиена во црно, образованието е зацрнето, земјоделието запустено и оцрнето. Секој еден сегмент во државата е запоставен. СДСМ мора да одговара за хаосот во кој ја втурна Република Македонија“.

Коментирај