ВМРО-ДПМНЕ: Во Македонија под власт на СДСМ ништо не се гради, нема инвестиции и нема проекти

0
157

Во Македонија под власт на СДСМ ништо не се гради, нема инвестиции, нема проекти. За првите пет месеци од годинава се реализирани само минорни 13.7% капитални инвестиции, ова денеска преку соопштение го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Имено од парите кои власта предвидела дека ќе ги инвестира во капитални инвестиции за сите 12 месеци, за 5 месеци потрошила само 13.7%. Ова значи дека неспособноста оди до таму што не можат да ги инвестираат парите кои сами ги предвиделе. Државата веќе две ипол години буквално стагнира. Ништо ново не е направено, а проектите ВМРО—ДПМНЕ кои беа во скоро готови едвај ги дозавршија, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат и дека ветувањата на Заев за 600 километри нов автопат и 550 километри нови магистрални патишта се испоставија како обични лаги.

-Со Заев и СДСМ зборот не важи, туку лажи. И иако нема инвестиции, сепак има задолжувања. Долгот вртоглаво расте, а пари кај граѓаните има се помалку. Зоран Заев мора да одговара за пустошот кој го креира во економијата. Одговорност за стагнирањето на државата ќе има, стои во партиското соопштение.

Извор:Курир

Коментирај