ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС и Тевдовски денес се задолжија за нови неверојатни 43.9 милиони евра

0
641

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Делев

Почитувани,

Неспособниот министер за задолжување упорно продолжува со задолжувањето на Република Македонија.

Владата на СДС и Тевдовски денес се задолжија за нови неверојатни 2.70 милијарди денари односно 43.9 милиони евра.

Заедно со денешната аукција за овие три месеци министерот Тевдовски има издадено државни хартии во вкупна вредност од 145 милиони евра. Средствата се собираат дирекно од Македонските банки кои наместо да се користат за кредитирање на Македонското Стопанство се користат за покривање на буџетската дупка.

Граѓаните на Република Македонија имаат право да знаат каде ќе одат народните пари со кои неспособната влада на СДС ја задолжува државата.

Владата на СДС за овој период ниту еднаш не се обиде да го намали јавниот долг како што ветуваше туку напротив се повеќе долгот се продлабочува.

Почитувани,

Вистинското лице на владата на СДС се виде и со ребалансот на Буџетот со кој се предвидува дополнително задолжување од 150 милиони евра. А, згора на сето тоа започнаа да ги топат и девизните резерви, буџетската сметка е во минус над 60 милиони евра, средствата од издадената обврзница од кој поголем дел се потрошени. Владата на СДС крие колку се намалени приходите во буџет со стопирање на сите инфраструктурни проекти и со погрешната политика и пристап кон странските инвеститори.

Владата на Заев мора да запре со неконтролираното задолжување и да одговори на македонската јавност каде парите ќе бидат искористени.

Дали со овие пари со кои ја задолжуваат државата СДС ќе ги исполни предизборните ветувања за ветената минимална плата од 16.000 денари, ветената просечна плата од 30.000 денари и плата од 100.000 денари за докторите, бидејќи нив се уште ги нема, а граѓаните и докторите ги очекуваат.

Или сепак овие пари ќе одат за луксузирање на СДС, и покривање на партиските вработувања во институциите и забрзаната партизација на државниот апарат.

СДС многу брзо ќе сноси политичка одговорност, на локалните избори народот ќе му ја испрати пораката на незадоволство од неспособниот премиер Заев.

Коментирај